Колку заработуваат најпознатите спортисти на светот од Инстаграм објавите?

Постојат бројни луѓе кои тврдат дека начинот на живот што можеме да го видиме на Инстаграм не е воопшто автентичен…

Ова може да биде точно за обичните луѓе кои френетично се борат за популарност, но дефинитивно не може да се примени за познати личности кои добиваат милиони долари, и повеќе од тоа, кога споделуваат само еден дел од нивните реални животи на оваа социјална мрежа. Обичните смртници се чувствуваат среќни кога добиваат двоцифрени лајкови или кога имаме повеќе од 100 следбеници, но светот на Инстаграм е далеку поголем деловен потфат отколку што мислевме.

Според статистиката на Фејсбук, околу 83% од корисниците на Инстаграм откриле нови производи и услуги преку оваа платформа. Со толку голем број, спонзорите сакаат нивните луѓе да зборуваат за работите што ги нудат. Оние кои најудобно ја користат оваа платформа се светски познати и обожавани спортисти. Нивниот професионален живот е прилично отворен и навивачите внимателно го следат, поради што едвај чекаат нова објава од нивниот приватен живот.

Популарноста на овие спортисти не е ограничена само на фудбалот, бидејќи многу од нив, како Роналдо, Нејмар, Меси, Бекам, сè до Вират Коли и тениската шампионка Серена Вилијамс, прават неверојатни суми пари по објавувањето. Овој пат решивме да откриеме колку заработуваат најпопопуларните:  


(1/10) 10 – Luis Suarez – @luissuarez9 – 33.8 милиони спедачи– 184.000 долари по објава

(2/10) 9 – Virat Kohli – @virat.kohli – 36 милиони следачи – 196.000 долари по објава

(3/10) 8 – Zlatan Ibrahimović – @iamzlatanibrahimovic – 36.8 милиони следачи – 200,000 долари по објава

(4/10) 7 – Geret Bejl – @garethbale11 – 40.5 милиони следачи – 218.000 долари по објава

(5/10) 6 – Ronaldinjo – @ronaldinho – 47 милиони следачи – 256.000 по објава

(6/10) 5 – LeBron Džejms – @kingjames – 50.7 милиони долари – 272.000 по објава

(7/10) 4 – Dejvid Bekam – @davidbeckham – 57.5 милиони долари – 357.000 по објава

(8/10) 3 – Lionel Mesi – @leomessi – 126.5 милиони следачи – 648.000 по објава

(9/10) 2 – Nejmar Jr. – @neymarjr – 123 милиони следачи – 722.000 по објава

(10/10) 1 – Kristijano Ronaldo – @cristiano- 176 милони следачи – 975.000 по објава