Комбинацијата на оваа намирница со кафе може да биде смрт за стомакот: Гастроентеролог откри каде свесно грешиме, а е опасно
Познат доктор откри со што никако не смее да се комбинира кафето
Пиењето кафе е еден од омилените утрински ритуали за многумина. Многу лекари ги проучувале ефектите на кофеинот врз телото, а нивните мислења се различни. Сепак, повеќето од нив се согласуваат за една работа, а тоа е за самиот начин на консумирање кафе.
Имено, се верува дека доколку кафето се консумира правилно, тоа не може да биде штетно и обратно.
Гастроентерологот, нутриционистката Нурија Дијанова откри со кои намирници кафето „не оди добро“! Станува збор за две кои многу луѓе ги земаат со или по црн пијалок - алкохолот и чоколадото!
Најлоша комбинација е кафето со чоколадо или алкохол, вели Дијанова. Бидејќи кафето со чоколадо, како и алкохолот, помага да се релаксира долниот езофагеален сфинктер, резултатот е горушица, печење и рефлукс на содржината на желудникот во хранопроводникот.
Дури и ако не чувствувате непријатност, со текот на времето може да се појават знаци на воспаление на хранопроводникот, предупредува Дијанова. Исто така, гастроентерологот не препорачува да пиете кафе на празен стомак, што го прават повеќето луѓе, бидејќи тоа влијае на лачењето на желудникот.
Во исто време, докторот ја откри препорачаната комбинација, а тоа е еспресо кафе со стек.
„Еспресото е поконцентриран пијалок, содржи органски киселини кои го подобруваат процесот на варење, подобро делуваат на „компактно“ месо заедно со желудечниот сок“, објаснува докторката.
Некое време по еспресото, Дијанова препорачува задолжително да испиете чаша вода за да ја надополните течноста во организмот, бидејќи кафето има диуретично дејство.
Сепак, лекарите предупредуваат дека прекумерното внесување кафе има негативно влијание врз здравјето, пред сѐ на срцевиот мускул, бидејќи отчукувањата на срцето се зголемуваат по пиењето. Експертите забележуваат дека една или две шолји кафе на ден нема да имаат негативен ефект.
Извор: stil.kurir.rs