КОМПЛЕТНА ГРИЖА ОД ПРВИОТ ДЕН – СПЕЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ ЗА ПОРОДУВАЊЕ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди специјални пакети за породување со кои се нуди комплетна здравствена грижа во периодот пред и по породувањето. Како најголемо приватно породилиште, каде што годишно се раѓаат околу 1 700 новороденчиња, грижата за идните мајки и нивните најмили е приоритет, применувајќи ги сите светски трендови и технологии во областа на гинекологијата и акушерството.
Стручен тим од доктори специјалисти, гинеколози акушери и неонатолози со богато искуство зад себе и многу успешни приказни, акушерки, медицински сестри и болничарки се максимално посветени породувањето и периодот на закрепнување да поминат што полесно и на идните мајки да им остане како најубав спомен. Секој пакет за породување вклучува: болничко сместување, лабораториски анализи за мајката при прием во болницата, како и можност за спинална или епидурална аналгезија за безболно породување.
„Овие пакети се поттик за идните мајки да добијат соодветни информации како да водат здрава бременост и како правилно да се грижат за своето новороденче. Дополнително вклучивме голем број бенефиции со цел мајките да се чувствуваат прифатено и посебно во текот на бременоста и по породувањето“, изјави д-р Гордана Петровска, специјалист по гинекологија и акушерство.
Бебињата родени во „Аџибадем Систина“ имаат свој неонатолог, кој ги следи нивниот раст и развој и со таа цел во пакетот се вклучени и аудиолошки, кардиолошки и ортопедски скрининг на новороденчето, совети за негова исхрана, три контролни прегледи во првиот месец и посета на патронажна сестра. Дополнително, сите бебиња родени во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ добиваат ексклузивен попуст од 10 % за користење на сите здравствени услуги од болницата доживотно.
Во рамки на пакетите, за време на бременоста секоја мајка има можност да посетува бесплатни часови по јога, 3 масажи за трудници во „Премиумспортцентар“, книга со совети за водење здрава бременост. По породувањето, на родилките им следува специјален попуст од 30% за постпородилни пакети за обликување на тело и 20% попуст за медицински козметички услуги во Центарот за перфекција, а дополнително и специјален попуст од 20% за користење на услугите во „Премиумспортцентар“ и бесплатна фризерска услуга.
Пред напуштање на болницата, секоја породена пациентка добива специјален подарок мултифункционална брендирана бебешка торба „Acibadem Sistina Baby“ со информативен материјал и подароци.
НОВИ БЕНЕФИЦИИ ВО ПАКЕТИТЕ ЗА ПОРОДУВАЊЕ
Новитети во пакетите за породување во грижата за мајката пред и по породување се: бесплатна консултација со психијатар, консултација со нутриционист и совети за исхрана на доилки по породување, како и бесплатна ендокринолошка консултација и 20% попуст на услугите во AS „Slim Body Center“ по породувањето. Дополнително, сите породени пациентки добиваат попуст од 20% во рестораните „SushiCo”, „SushiCo Zen“ и ресторанот „Always fresh”.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја цени лојалноста на своите пациенти и со таа цел за пациентките што се породуваат по втор или трет пат или, пак, извршиле ИВФ-постапка им нуди сместување без дополнителен финансиски надомест во еднокреветна соба и апартман, организирање свечена вечера со партнерот и фризерска услуга.
Сите бенефиции во пакетот за породување следуваат со авансна уплата од 12.000 денари.
ПР објава