Концентрационен логор, хотел од прва класа: Црна Гора супериорно
Некогашниот концентрационен логор во Црна Гора, каде италиајнските трупи, под водство на Бенито Мусолини имало над 2 000 заробеници, ќе стане нова туристичка атракција.
Островот Ластавица, на кој се наоѓа тврдината „Mamula“, се наоѓа на влезот на заливот Бока Которска, а тврдината била изградена во 1853 година од австро-унгарскиот генерал Лаза Мамула.
Во текот на Втората светска војна, италијанскиот фашистички лидер Бенито Мусолини ја претворил тврдината во концентрационен логор. Околу 2.000 затвореници живееле таму - 80 од нив биле егзекутирани, а други 50 починале од глад во мрачните и тешки услови на концентрациониот логор.
Во 2016 година парламентот на Црна Гора го усвои проектот со кој овој историски локалитет ќе го претвори во луксузно одморалиште со ресторани, спа и ноќни клубови.
Оваа одлука не сакаат да ја прифатат семејствата на чии претци ја поминале голготата во некогашниот логор.
Тие испратиле петиција до Владата на Црна Гора, да ја смени одлуката со која островот се дава под закуп, но нивниот обид е без успех.
Црногорскава влада ја бранеше својата одлука, велејќи дека проектот ќе ја золеми домашната економија. „Се соочуваме со две опции: да го оставиме локалитетот да пропадне или да пронајдеме инвеститори кои ќе бидат подготвени да го направат достапен за посетителите“, изјави Оливера Брајовиќ, шеф на националниот докторат за развој и туризам на Црна Гора.
Компанијата издаде и соопштение во кое вели дека проектот ќе биде одличен за локалната архитектура и целосно ќе ја зачува историската вредност на островот.