Конечно: Излезе трејлерот за легандата на Ф1- Михаел Шумахер: Погледнете
Долгоочекуваниот документарец за тркачката легенда во Ф1, Михаел Шумахер, чија премиера ќе биде на 15 септември, го доби својот прв официјален трејлер…
Со снимки од неговата младост и картинг денови, интервјуа со семејството и многу други луѓе, трејлерот ни дава увид во нешто што дефинитивно можеме да го наречеме поглед на животот и кариерата на еден од најдобрите возачи на сите времиња.
Покрај семејството, документарецот прикажува интервјуа со најдобрите sвезди на шампионатот во Формула 1, Мики Хакинен и Дејвид Култхард, а се појавуваат и поранешниот шеф, Лука ди Монтеземоло, директорот на ФИА, Жан Тод и Берни Еклстон.
Продукцијата на документарецот е потпишана од Бенјамин Зајкел и Ванеса Нокер, кои претходно беа дел од сличен проект - документарен филм базиран на животот на Борис Бекер, германската тениска суперѕвезда. Тие, исто така, оставија свој белег во документарецот за животот на Аиртон Сена, уште еден член на Кралската Ф1 лига.
За жал, веднаш по пензионирањето во 2012 година, Шумахер се здоби со тешка повреда на главата при скијање, од која се опоравува скоро една деценија, а семејството внимателно ги чува сите детали од медиумите и остатокот од светот.