Конечно: Костум кој не се валка, не се гужва и не поти!
„Black Lapel“ ќе ве натера да изгледате целосно уредно и подготвено во секое време со вашиот нов „миленик“
Беспрекорниот костум изгледа фантастично, но секогаш му недостасува функционалност. Новата линија на “Black Lapel“, добро познат машки моден бренд, сега е совршено прилагодена, но пред сè практична, костум за сите активни луѓе чии животи се засноваат на удобност при различни движења и активности.
Најновата линија на машка облека е наречена “Патнички костум“, а таа е креирана за сите џетсетери кои сакаат да будат убиствени со својот изглед и да возат мотоцикл. Ткаените влакна со висок квалитет овозможуваат отпорност на гужвање, така што костумот на оваа компанија може да издржи долги летови со авион без ниту една маана.
Специјално формулираните влакна овозможуваат дишење и имаат водоотпорни својства, отпорност на дамки и пот. Во миксот се додадени антимикробни својства, дозволувајќи им на корисниците да делуваат свежи дури и кога го носат овој костум втор или трет ден по ред.
Зачувувањето на паричникот или пасошот е целосно лесно во џебовите, додека сите вредности можат да бидат скриени во засеците со патенти.
Иако овие елегантни костуми се дизајнирани со светските патници, тие всушност се наменети за секој што би сакал да избегне сушење и хемиско чистење.