КОНЕЧНО! Мбапе ја објави веста: ОВА ШТО ГО ЧЕКА ЦЕЛИОТ ФУДБАЛСКИ СВЕТ - Еве што му порача на клупскиот шеф!
Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе (25) на лето како слободен играч ќе го напушти Пари Сен Жермен и оваа одлука му ја соопшти на сопственикот на клубот Насер Ал-Хелаифи!
„Условите за разделба допрва треба да се дефинираат, но тој летово ќе го напушти Париз и дотогаш треба да ги исполни сите досегашни обврски кон клубот“, објави најдобро информираниот новинар, Италијанецот Фабрицио Романо.
Со недели, месеци, па и години се шпекулира дека Мбапе ќе се пресели во Реал Мадрид, иако тоа се уште не е официјализирано, а во меѓувреме и информацијата дека Французинот ќе замине во Ливерпул или дека како Французинот Легендата Тиери Анри, ќе замине во Арсенал.
BREAKING: Kylian Mbappé has now informed PSG president Nasser Al Khelaifi that he will LEAVE the club as free agent.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) February 15, 2024
The terms of the departure are yet to be fully agreed but he will LEAVE Paris in the summer — Kylian has yet to fulfil his commitments to the club. pic.twitter.com/bD0ji3CTyA
Во овој момент се чини дека едно е сигурно, тој по шест години дефинитивно ќе го напушти Пари Сен Жермен. Парижанецот се врати во родниот град во 2018 година од Монако во тогаш вртоглав трансфер со вкупна вредност од 180 милиони евра.
Во дресот на „кнезовите“ одигра 290 натпревари, постигна 243 гола, асистираше 105 пати, освои пет титули во Лига 1, иако не и највредното признание - трофејот во Лигата на шампионите.