Конечно се споија Ламбе и Врчак: Заедно пееја на свадба - „Моите молитви се остварија, фала ти Боже“ ВИДЕО

После толку години, двајцата пејачи ги израдуваа обожавателите...

Ламбе Алабаковски и Раде Врчаковски Врчак запеаа заедно.

Двајцата на иста свадба, ги фатија микрофоните во раце и направија спектакл пеејќи ја песната „Спасете ме другари“ .

„Моите молитви се остварија фала Ти Боже вчера тоа ми се потврди ! Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај! И да испишиме уште едно време и ера на Македонската сцена и музика“ - напиша Ламбе под видеото кое се шири со молскавична брзина на социјалните мрежи.

Очекувани беа и коментарите, дека е време за ваков настап на стадио. Дел од коментарите се за Врчак да се врати на музичката сцена.

Погледнете го видеото:

A post shared by Ламбе Алабаковски (@lambealabakovski)


ФОТО: инстаграм принтскин