Конор Мек Грегор е најплатен спортист по минута во 2021 година

Конор Мек Грегор преку својот Инстаграм профил овој месец сподели многу интересна информација за неговата минатогодишна заработка ...

Надминувајќи ги Алварез, Том Брејди и Нејмар, Мек Грегор ги постави деталите за рангирањето на најплатените спортисти во 2021 година, односно листа врз основа на нивниот паричен прилив во рок од една минута. Додавајќи нов успех на листата на Форбс на најплатени спортисти, Ирецот беше платен 8,6 милиони долари во шампионатот на УФЦ минатата година, оставајќи го Алварез со неговите 444.000 долари во прашина.

Исто така, важно е да се напомене дека оваа голема разлика се јавува првенствено затоа што рундите во ММА се многу пократки во споредба со времето на натпреварите во бокс, фудбал или американски фудбал. Во продолжение ви претставуваме кратка листа на спортисти кои минатата година имале најголема заработка по минута.

Конор Мек Грегор - 8,6 милиони долари

Алварез - 444.000 долари

Тон Брејди - 37.000 долари

Нејмар - 32.000 долари

Кристијано Роналдо - 18.000 долари

View this post on Instagram

A post shared by Conor McGregor Official (@thenotoriousmma)