Контрола на покачен холестерол со природни состојки
Холестеролот е најзастепениот стерол во организмот. Тој е неопходен и составен дел од организмот, потребен за нормално функционирање на секоја клетка. Холестеролот е структурен елемент на сите клеточни и интраклеточни мембрани, а во одредени органи има и посебни и специфични улоги како што се:
·Синтеза на жолчни киселини во хепатоцитите
·Синтеза на стероидни хормони во кората на надбубрежната и половите жлезди
·Транспорт на липосолубилните витамини ( A, D, E и K)
Покачувањето на вредностите на холестеролот над нормалните:
·Тотален холестерол > 5.0 mmol/l
·LDL > 3.0mmol/l
·Триглицериди > 2.0 mmol/l
Може да биде причинител за зголемен ризик за развој на атеросклероза и кардиоваскуларни заболувања.
Еден од факторите за развој на хиперхолестеролемија е неправилната исхрана т.е исхрана богата со масти посебно од животинско потекло, а сиромашна со овошје, зеленчук и интегрални житарици. Неправилната исхрана, физичката неактивност и дебелината се главните виновници за хиперхолестеринемија.
Откако ќе се дијагностицира хиперхолестеринемија често пати се започнува со третман со хемиски лекови наречени „статини“. Меѓутоа сепак има повеќе начини на кој што може да се започне третманот на хиперхолестеринемија.
Еден од нив, но многу важен е хигиенско-диететскиот режим според кој пациентите ќе внимаваат на изборот на храната и количината на самата таа храна која што ја внесуваат.
Денеска исто така големи успеси се добиваат со користење на природни производи како на пример црвениот ориз во третман на покачен холестерол и триглицериди. Црвениот ориз е прехрамбен производ кој што најмногу се одгледува во Азија, меѓутоа и во сите други земји каде што успева.
Ферментираниот црвен ориз е продукт на квасниците Monascus Purpureus, кој се наоѓа во оризот и кои содржат неколку активни компоненти помеѓу кои и монаколин К, што претставува моќен инхибитор на синтезата на холестерол во црниот дроб и познат е уште како мевинолин или ловастатин. Оваа активна компонента на црвениот ориз допринесува за намалување на нивото на холестеролот, при што не доаѓаат до израз големите несакани дејства кои што ги имаат антилипемичните лекови.
Друга често употребувана билка е артичоката која потекнува од медитеранот каде што има најмал процент на хронични болести.
Оваа билка исто така има поволно влијание врз зголемените вредности на холестерол со тоа што ја подобрува работата на жолчката, која што има голема улога во нормалното функционирање на дигестивниот тракт.
Артичоката како антиоксидант и детокс терапија го уништува лошиот холестерол уште пред да се создаде.
Д-р. Ацо Николов, специјалист по интерна медицина
ПР објава