Корејскиот Херкулес прави 3000 стомачни секој ден
Беше слабо дете од 57 килограми, а сега има преку 100 килограми мускули...
Бодибилдерот Хванг Чул Сун доби многу прекари, а некои од нив се Корејецот Арнолд, Хулк, Херкулес и слично. Ова момче ги воодушевува сите кои го следат светот на бодибилдингот. Меѓутоа, пред 12 години, Хванг беше нормално дете кое имаше нормален живот.
Бидејќи бил прилично слаб (тежел 57 килограми), на училиште бил предмет на потсмев. Сите му се смееја затоа што изгледаше слаб и минијатурен, но тој реши да го промени тоа.
Започнал со професионален бодибилдинг и сега тежи нешто повеќе од 100 килограми. Секако, на него има само мускули, ниту трошка сало. Неговата опсесија беа стомачни. Кога почна да тренира, правеше по 3000 стомачни секој ден. Сега тој повеќе се фокусира на исхрана богата со протеини и кревање тешки тежини, но вели дека сè уште прави многу стомачни.
Секој ден Хванг јаде 1,5 килограми пилешко. Тој јаде 250 грама на секои три часа и троши околу 500 долари секој месец за трошоците за храна.
Хванг моментално е еден од најуспешните бодибилдери и победник на натпреварот Musclemania во 2016 година.
Погледнете еден од неговите изведби.