Еве што ќе ви се случи ако престанете да пиете алкохол

Сите знаеме дека алкохолот во прекумерни количини може лошо да влијае врз нашето тело и организмот.

 Сепак, овојпат нема да зборуваме за негативните последици од консумирањето алкохол, туку ќе ви претставиме што се случува со вашето тело кога целосно ќе престанете да пиете. 

Кога ќе го прекинете внесувањето на алкохол, организмот минува низ фаза на детоксикација, при што сите негови функции постепено се враќаат во нормала.

По една недела

Ако одлучите да се откажете од алкохолот, веќе по една недела ќе забележите дека спиете многу подобро. Алкохолот често го нарушува сонот, а кога ќе престанете да го консумирате, вашиот сон ќе се стабилизира и повторно ќе спиете како бебе.

По две недели

Ќе започнете да губите килограми. Престанокот со алкохол најчесто води кон слабеење, па просечно може да изгубите околу еден килограм неделно.

По четири недели

Ќе имате подобра концентрација. Работата на срцето ќе се нормализира, што значи дека ќе ви се стабилизира крвниот притисок, а мозокот ќе функционира многу појасно и побрзо.

По еден месец

Ќе забележите подобрување во вашиот изглед. Луѓето кои редовно консумираат поголеми количини алкохол често имаат сува кожа, оштетена коса и уморен изглед. Кога ќе престанете да пиете, кожата се обновува, косата станува посјајна, а целиот изглед е посвеж и подмладен.

По три месеци

Ќе имате значително повеќе енергија. Алкохолот знае да успива и да го успорува организмот. Кога целосно ќе исчезне од телото, ќе почувствувате дека сте посилни, побрзи и имате многу повеќе енергија отколку порано.

Извор: muskimagazin.rs / Freepik