Корона туризам: Познато кафуле во Виена со пијалак нуди тест за ковид-19
Фото: Eurokompr
Во барот каде некогаш пиеле кафе познати гости како Густав
Климт, Оскар Кокошка и Егон Шиле, од денес се нуди тест за антиген за вирусот
ковид-19 со кафе.
По успешната соработка со ученици, на кои им беше понудена можност бесплатно да учат во просториите на бројни барови и ресторани во Виена, се роди нова идеја и „Kafe Museum“ на плоштадот Карлплац во Виена ќе биде преуреден и за тестирање.
Покрај бесплатниот тест за антиген, посетителите можат да нарачаат и кафе или колачи. „Kafe Museum“ ќе биде отворено од понеделник до петок од 15 до 18:30 часот, а регистрација за тестирање не е потребна.
Влезот во „Kafe Museum“ е дозволен само со маска FFP2, а за тестот потребни се е-картичка и личен документ со слика за идентификација. Антигените тестови се валидни како официјални докази и се обезбедени бесплатно од Австриската стопанска комора како дел од тестовите на компаниите.
Резултатот од тестот се испраќа кратко по тестот преку СМС или Е-пошта. Понудата за тестирање важи за гостите во кафулето, како и за вработените во околните деловни простории и барови, па дури и за минувачите.