Спорт // Спорт
Кошаркарската федерација ве поканува, слободен влез за средбата со Украина
Македонската кошаркарска федерација го отвора вратите на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје за натпреварот од квалификациите за Светскиот Куп 2023, против селекцијата на Украина, кој нашите најдобри кошаркари ќе го играат на 4. јули (понеделник) со почеток од 18.часот.
Ги покануваме сите искрени љубители на кошарката да дојдат и да го проследат овој натпревар од 6. коло од „Г“ квалификациската група за Светскиот Куп, „во живо“, и да му дадат поддршка на нашиот подмладен состав во обид да ја реализираме првата победа во овој квалификациски циклус.