Спорт // Спорт
Кошаркарската репрезентација пристигна во Сарагоса на дуел против моќната Шпанија
Македонската кошаркарска експедиција пристигна во Сарагоса. По прелетот преку Истанбул и Мадрид, и неколкучасовен автобуски превоз, нашиот сениорски национален тим е на крајната дестинација – Сарагоса.
Според распоредот, стручниот штаб предвиде три тренинзи во Арената „Павиљон Принц Фелипе“, каде на првиот ден од јули ќе играме против „црвената фурија“.
Првите два се на 30.јуни (четврток) од 9.30 до 11. часот, односно од 19.30 до 21.часот. Многу веројатно е дека ќе се тренира и на денот на одигрување на натпреварот, и тоа во периодот од 11 до 12.30 часот.
Дуелот Шпанија-Македонија стартува во 19.30 часот.