Кошаркарскиот дрес на бившиот претседател на САД продаден за неверојатна сума

Кошаркарскиот дрес на бившиот американски претседател Барак Обама е продаден во понеделникот на аукција за 120.000 долари, соопшти куќата која ја организираше продажбата во Тексас.

Купувачот на овој исклучиво скап дрес сакал да остане анонимен, а според првите информации дел од приходите ќе бидат донирани за во образовни цели. Организаторите на аукцијата објавија дека за дресот имало дури 27 понуди.

Дресот со број 23, Обама го носел кога имал 18 години, во средното школо на Хаваите, каде живеел, ссопшти аукциската куќа, која ја организираше продажбата на дресот.

Дресот пред аукцијата беше проценет на 100.000 долари. Инаку, бившиот претседател на САД, Барак Обама е љубител на кошарката која често ја играл и додека бил во Белата куќа.