Космодром од соништата: Јапонци го откриваат „скапоцен камен“ на Токио (ВИДЕО)

Група јапонски архитекти, собрани во рамките на проектот „Здружение на вселенски пристаништа Јапонија“, откриле фантастичен концепт на вселенско пристаниште, кое би го украсило главниот град.

Покрај „портата“ за слетување / полетување авиони, ја гледаме и патната инфраструктура, а планиран е простор и за хотел, музеј, теретана, аквариум и кино.

Соларните панели „лебдат“ над конструкцијата, кои обезбедуваат дополнителен извор на енергија.

Кулите како симбол

Во концептот доминираат две кули, назначени за влезен / излезен сообраќај. Тие исто така би претставувале еден вид симбол на космодромот, видлив од далеку, пренесува Футуризам.

„Спејспорт Јапонија“ постои само во дигитална форма, но авторите веќе обезбедуваат сретства за да ја претворат визијата во реалност, а со тоа ќе придонесат за развој на вселенската индустрија на нивната татковина.

На следното видео, ќе дознаете повеќе детали за неверојатниот проект.


Фото: Canaria; Dentsu; Noiz; Space Port Japan Association. / Ferrari / Profimedia

Извор: Објектив