Крај на љубовта: Ѓоковиќ и убавата манекенка раскинаа по 4 годни

Најмладиот брат на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Џорџе и студентката Тијана Ралиќ ја раскинаа 4 годишната врска, пренесува Блиц.

Заладувањето на односите била причината за прекинувањето на идиличната врска. Како пар многу патуваа и еден на друг си приредуваа бројни изненадувања за родендени и годишнини.

Но, изгледа дека раздвоеноста била пресудна, бидејќи Тијана живее и студира во Милано, а Џорџе работи во Србија.

„Џорџе и ТИјана биле посветени на своите обврски. Таа студира, а тој работи, па логично е дека се емотивно оддалечени. Исто така, раздвоеноста си го направила своето, па сфатиле дека емоциите постепено се изгасиле. Нивната врска беше сериозна и хармонична, но и двајцата се многу млади. Се разделија во добри односи, никогаш не беа склони кон кавги, па така и овој пат решија на цивилизиран начин, во најлошиот можен ред“ - откри извор близок на парот.