Крис Хемсворт е новото заштитно лице на празничната кампања на BOSS
За време на празничната сезона, на BOSS дефинитивно не му е потребен Дедо Мраз, бидејќи во своите редови го има Крист Хемсворт ...
Австралискиот актер повторно ги здружи силите со овој моден бренд во својата празнична кампања за оваа година, која ќе трае до нејзиниот крај. Хемсворт за оваа пригода облече црн смокинг во кој изгледа целосно елегантно.
Во кампањата, Хемсворт може да се види како пакува подароци пред фабричка подвижна лента додека позира за фотографите.
Ѕвездата е тука да го покаже духот на давање подароци, додека неговиот изглед совршено се вклопува со најновите изданија на водичот за празнични подароци на BOSS.
Германскиот бренд во новата кампања ги носи најосновните парчиња облека и додатоци, кои се идеални подароци за членовите на семејството и пријателите.
Со пругасти мотиви на читливи површини и спортски акценти, овие парчиња од новата празнична колекција BOSS дефинитивно ќе станат незаменлив дел од машкиот зимски стил ширум светот.
Новата линија вклучува дуксери, тренерки, патики, шалови и плетени капи, меѓу другите парчиња, додека зимските џемпери и топлите чорапи се задолжени за комплетирање на оваа весела празнична колекција од BOSS.