Кроациа осигурување - синоним за сигурност и квалитет

Кроациа осигурување денес е една од најголемите осигурителни компании во земјава и силен бренд со широко портфолио производи, атрактивни иновативни решенија, сигурни врвни услуги и јасен фокус на клиентот. Како дел од Croatia osiguranje – Загреб, најголемата и најстарата осигурителна компанија не само во Хрватска и регионот, туку и едно од најстарите осигурителни друштва во Европа, Кроациа осигурување на македонскиот пазар е присутна од 2005 година кога е основана Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје - првата компанија за осигурување на живот во земјава со што официјално во Македонија и почна да се развива пазарот за животно осигурување. Со темели цврсто поставени низ годините во сегментот на животното осигурување стана лидер и тоа е позиција која успешно ја задржува благодарение на постојаното воведување иновации, нови производи, воспоставување супериорен систем за грижа на корисници и праведен и брз систем за решавање штети, поради што се издвојува како компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет.

Гарантирајќи сигурност на вложените средства, овозможувајќи најатрактивна понуда на осигурителни производиКроациа Осигурување – Живот е компанија во која македонските граѓани имаат доверба и на која без двоумење ја доверуваат својата сигурност и сигурноста на своите најмили. 

Од 2009 година со формирање на Друштво занеживотно осигурување Скопје, Кроациа Осигурување се вклучи и во делот на неживотното осигурување. Новото друштво перманентно се стреми кон финансиска сигурност на клиентите преку градење партнерство и доверба во случај на ненадејни штетни настани во секојдневниот живот и бизнисот и воведување нови производи според нивните потреби и барањата. Таков производ е приватно здравствено осигурување воведено во јули 2020 година, кое на пазарот понуди комплетно ново решение околу грижата за осигуреникот и здравствената услуга при процесот на водење на пациентот - од закажување на основни (специјалистички) прегледи преку сопствен и специјализиран Call центар, па се до барање локација за соодветно евентуално болничко сместување. Имајќи го предвид квалитетот на осигурувањето Кроациа Осигурување за кратко време склучи еден од најголемите договори за приватно здравствено осигурување во државата.

Кроациа осигурување има за цел и во иднина да остане првиот избор кога станува збор за осигурувањето поради што продолжува да прави подобрувања во сите деловни сегменти.


ПР објава