„Кроација Осигурување“, има некој кој ќе се погрижи за трошоците: Movember и подигнување на свеста за заштита на здравјето на мажите

Иако оваа година (поради маските) сме приморани да го сокриеме симболот по кој е препознатлив месецот ноември, а тоа се мустаќите кои имаат за цел на еден хумористичен начин да привлечат внимание во борбата за заштита на машкото здравје, сепак, можеме да направиме нешто за сите нас.

Во време кога владее сѐ поголема неизвесност, и несигурност, пропратени со поголем стрес, потребен ни е некој кој на доста едноставен, лесен и брз начин ќе ни покаже дека се грижи за нас. Некој кој ќе ни овозможи брз пристап до преглед и ќе ги преземе трошоците. Но, уште поважно е тоа да е некој кој ќе ни даде можност превентивно да воведеме дисциплина во нашата посета на доктор, бидејќи и тоа е во духот на месецот ноември или Movember – да делуваме превентивно.

Здравственото осигурување на „Кроација Осигурување“ е комбинација на сигурност и брзина, и најважно е дека обезбедува превентивна грижа за сите индивидуални и семејни корисници. Повеќе не треба да ја одложувате Вашата редовна посета на доктор бидејќи има некој кој ќе се погрижи за трошоците.

Да не заборавиме дека секој од нас е должен да се грижи за своето здравје, а со здравственото осигурување на „Кроција“ Вие добивате една грижа помалку - тоа е грижата за трошоците за лекување.

Препораките ги опфаќаат сите мажи над 50 години возраст, кои еднаш во текот на годината треба да направат превентивен уролошки преглед, вклучително ЕХО и PSA маркери.

#CROCARE ПРОМОЦИЈА ЗА #MOVEMBER

Заштитете го Вашето здравје со превентивен преглед! Со нашето CroCare доброволно приватно здравствено осигурување, Ве стимулираме да се грижите за Вашето здравје.

Во поддршка на #Movember и подигнување на свеста за заштита на здравјето на мажите:

- Сите склучени CroCare полиси во текот на овој месец ќе важат од 1 ноември.

- Веднаш закажете термин за превентивен специјалистички преглед.

- Важи за индивидуалните и семејните CroCare полиси.

Добијте персонален совет за Вашето здравствено осигурување: https://bit.ly/crocare или јавете се на:15 599.