Ксенија се омажи за 36 години постар Египќанец и му роди ќерка: Немала поим што ќе ѝ се случи после тоа
Ксенија, која се омажи за египетски милионер, живееше во бајка, додека не стана мета на негативни коментари
Молдавската манекенка Ксенија Дели се прослави со учеството во спотот на Џастин Бибер „What do u mean“. Сепак, таа го привлече вниманието на медиумите и јавноста откако се омажи за египетскиот бизнисмен Осама Фати Рабаг Ал Шариф, кој е 36 години постар од неа. Двајцата често се мета на негативни критики, кои ги добиваат поради големата разлика во годините, а на тоа дополнително се додава и фактот дека тој е милијардер.
Инаку, Ксенија има 32 години, додека милијардерот 68. Сепак, големата разлика во години не ги спречи да основаат семејство, а Ксенија на Осаму му подари мало девојче.
Парот е во брак неколку години, а луѓето масовно ја напаѓаат манекенката, тврдејќи дека таа е со него само за пари.
Таа често додава фотографии со сопругот на својот Инстаграм профил, каде што може да се забележат вистински емоции. Додека едни гледаат заљубен пар, други коментираат дека личи на нејзин дедо, а таа глуми заљубена жена, за да ужива во неговото богатство. Кога се омажила за милионерот, Ксенија немала поим дека ќе го навлече гневот на народот и дека ќе добие толку многу негативни коментари.
Ксенија во една прилика на својот Инстаграм профил напиша дека нејзината ќерка и сопруг се остварување на нејзините соништа, што предизвика лавина негативни коментари, од кои едниот многу остар и директен: „Твоите два најголеми соништа се твоето дете и парите. Едноставно, нема љубов, само пари и популарност и ти тоа го знаеш“.
Ксенија ужива во луксуз бидејќи често оди на луксузни патувања со својот сопруг. Таа е сопственичка на скапи чанти и парчиња, а стана вистинска ѕвезда на Инстаграм. Нејзиниот Инстаграм профил има над 700 илјади следбеници. Исто така, поединци коментираат дека богатиот бизнисмен се подмладил со сопругата, а врската со неа му годи, што го прави помлад.
Инаку, парот се венчаше во 2016 година, а бајковитата свадбена прослава вредна милион евра се одржа на Санторини во винарија со поглед на море. На церемонијата присуствуваа околу 150 гости, а тортата беше висока над еден метар.
Извор: stil.kurir.rs