Кучето низ нашите улици кое изгледаше како чудовиште: Погледнете ја трансформацијата
Македонските љубители на животните пронајдоа куче што личеше на чудовиште. Никој не сакаше да го
прими или да му помогне, освен една прекрасна група на луѓе кои знаеја дека има
долг пат, за да се опорави. Со сето срце тие веруваа дека кога ќе закрепне, ќе
биде прекрасно куче. Го доби името Луи.
Кога го пронајдоа, немаше влакна на кожата и изгледаше како скелет во движење. Неговата кожа беше црвена и воспалена со шуга и тоа ги згрози сите. Поради неговата болест и изглед, дури и некои го претепаа.
Луи имал среќа да биде спасен од волонтерите од Saving Macedonian Strays( SMS)и иако се сомневале дека тој ќе преживее и ќе се опорави доволно за да биде подготвен за згрижување, тие решија да да пробаат. И покрај лошите прогнози, Луи добро се опорави под грижата на македонската организација за спасување кучиња-скитници.
Организацијата за СМС контактирала со Елизабет Бел, директорка на болницата за животни „Penny Jones “ во Камбрија, Англија, која одговорила на повикот и се упатила кон Македонија за да му помогне на Луи да се опорави и да најде семејство во Англија.
Елизабет Бел изјави за Metro.co.uk: "Кога го спасија, мислев дека неговото закрепнување ќе биде многу тешко и ќе биде многу тешко да се најде ново семејство за него. Тој немаше ниту едно влакно на своето тело и изгледаше ужасно. Сега тој е како мече и има убаво крзно. Најпрво тој е малку срамежлив со луѓето, но многу брзо се опушта и станува разиграно и весело кутре. Одличен нежен џин на куче “.
Бел ги пофали другите кучиња кои живееле со Луи за време на закрепнувањето и верува дека тие играле голема улога во неговото закрепнување. Таа го стави во група со кучиња кои се весели и дружеубиви. „Среќните кучиња им помагаат на трауматизираните кучиња полесно да се опорават“, изјави таа. Луи се вклопи добро и многу брзо најде ново семејство.
Џули Метјус од СМС додаде дека секое куче кое е тешко болно е најчесто претепано од селаните и го гледаат како чудовиште кое пренесува заразни болести.
Луи сега е околу 50 килограми и живее среќен живот со семејство кое му дава многу љубов и нежност.