„Куќата на духовите“ во Штип: Мистерија која трае до ден денес

На улицата Вита Поп Јорданова во Штип се наоѓа „Куќата на духовите“, локална мистерија за која постојано се појавуваат најразлични сознанија.

Куќата со зелена фасада е изградена пред повеќе од 40 години, а легендите за истата се постојани за тоа што се случува во неа и околу неа.

Граѓаните на Штип оваа куќа ја нарекуваат „вампирска куќа“. Сведоштва на граѓани велат дека доцна во ноќта, на ќошот од куќата забележале човек со бела брада како стои.

Граѓаните кои поминуваат покрај куќата ја вртат главата за да не забележат нешто несекојдневно.

Се верува дека во оваа куќа има зли духови, па така оние кои биле потстанари многу брзо си заминувале. Според пишувањата последниот сопственик на куќата починал пред извесно време и повторно за неа никој не сакал да слушне иако тој не починал во неа плашејќи се од духовите кои го проколнувале и му се заканувале што токму на ова место куќата е изградена.

Уште една легенда за куќата е дека на местото каде што е изградена во минатото било муслиманско свето место и според верувањата, духовите го штитат од сите живи кои престојуваат.

Целата вистина и почетокот на мистеријата која трае всушност не започнува со изградбата на оваа куќа туку со местото за кое најстарите знаат дека било муслиманско свето место. Токму и затоа, според верувањето, духовите го штитат од сите живи кој овде престојуваат.

Еден од коментарите на социјалните мрежи е следен: „Мојата прва баба родена Штипјанка ми има кажувано дека на тоа место имало подземни води и тие произведувале звукови. Куќата кога била направена од таткото на Баже му го заборавив името, а беше инкасатор и наплаќање вода. Од тие подземни води кои произведувале звукови произлезе дека имало духови бидејќи до куќата имало турско теќе. Ова ми го има кажано мојата прва баба која живееше повеќе од сто години родена Штипјанка а нејзиниот татко бил поп во црквата „Свети Архангел Михаил“ кај музичкото училиште“.