Куманово ќе добие Retail park, Cushman and Wakefield/FORTONMKA ексклузивен агент за изнајмување
Започнува со изградба првиот Ритеил (Малопродажен) Парк во Куманово.
Со вкупна површина од 35.000 м2 на купувачите ќе им бидат на располагање веќе познатите домашни и странски модни брендови, трговски ланци за храна, техничка стока, покуќнина и мебел
По пример на Европските градови, втор Retail Park во нашата држава до крајот на годината ќе добие Куманово. Eсклузивен застпник за изнјмување е домашната компанија Cushman and Wakefield/Fortonmka.
Паркот се наоѓа покрај автопатот Е-75, на влез-излез од Куманово, на местото на некогашната Винарија.Позциониран е на идеална локацијанаспроти влезот во Куманово кај бензинската пумпа.
Локацијата му овозможува да биде достапен за локалното население, како и за патниците кон северниот и јужниот сосед.
На површина од 35.000 м2 купувачите ќе ги сретнат веќе познатите модни брендови, хипермаркет, трговски ланци за уреди за домаќинство и продавници за покуќнина и мебел. Закуп на продажен простор веќе потврдија добропознатите брендови, а интересот за паркот е одличен.
За целосно заокружен комфорт при купувањето, малпродажниот комплекс ќе има свој сопствен паркинг простор за автомобили и автобуси, со лесна пристапност и движеење при пристигнување и заминување.
„Овој проект е oдговор на барањето на жителите на Куманово и околината за модерен простор за пазарување, со најбараните брендови организирани во една целина„ изјави Катарина Николов, раководител на секторот за малопродажба во Cushman and Wakefield/Fortonmka.
Retail паркот е инвестиција на локална компанија (Топ Драјвер).