КУП на Македонија: Четири екипи, две места за финале, Струга ТЛ - Силекс и Шкендија - Македонија ЃП
Струга Трим Лум – Силекс и Шкендија-Македонија ЃП се двојките од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија кои се играат денеска.
Средбите започнуваат од 15 часот, се игра еден натпревар, доколку биде нерешено се изведуваат пенали.
Лидерот во ПМФЛ, Струга ТЛ сака финале иако за резултатот се прашува и Силекс.
Буњамин Шабани од Струга ТЛ вели дека без разлика против кој противник и да игра, Струга оди на победа.
„Респект за Силекс, но ова е само еден меч и мораме да бидеме внимателни. Со максимален пристап на сите фудбалери, верувам дека можеме да дојдеме до финале на Купот. Исто така ги поканувам навивачите да дојдат во што поголем број за да не поддржат на оваа средба и потоа во финалето да можеме да се бориме за трофејот“, рече Буњамин Шабани.
ФОТО: ФК СТРУГА ТЛ //ФЕЈСБУК