Спорт // Спорт
Куп на Македонија: Скопје и Битола во пресметките за финале
Завршницата од ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција носи две скопско битолски пресметки, фаворитите се избегнаа, можно е финале Вардар - Еурофарм Пелистер.
Вардар кој е бранител на титулата во Купот, се среќава со Еурофарм Пелистер 2, првиот тим од Битола, Еурофарм Пелистер за противник го доби Бутел.
Завршниот дел од пресметките во ракометниот Куп ќе се играат во Кавадарци, по системот „Фајнал-фор“, а натпреварите ќе се играат од 13 до 15 мај во салата „Јасмин“.