Квискотека буквално ги празнеше улиците: Во што се состоеше тајната?
Квискотека е хрватски лиценциран квиз создаден од Лазо Голужа, најпопуларниот и најгледаниот квиз во поранешна СФРЈ.
Квизот се состои од шест игри:
1. Игра на стапици.
2. Игра на асоцијација.
3. Игра за откривање (натпреварувачите од три мистериозни личности - Личноста А, Б или Ц погоди која е вистинската).
4. Анаграмска игра.
5. Игра на наддавање.
6. Игра со прашања и одговори (се состои од 24 прашања од општа култура).
Во 2006 година, квискотека доживеа ренесанса на малите екрани, почнувајќи да се емитува на хрватската телевизија Нова ТВ, но поради нискиот рејтинг и гледаноста на квизот беше снимена само една сезона и квизот беше повлечен. Водител на квизот беше Оливер Млакар, кој успешно ја водеше и старата Квискотека, која се емитуваше во СФРЈ до 1991 година (во Хрватска до 1995 година).
„Квискотека“ ги празнеше улиците- Млакар како водител на популарниот квиз
„ Можеби ќе делува нескромно, препотентно, но ако некој не ме препознае, никогаш не ме видел или не слушнал за мене, тогаш јас велам дека во него е грешката. Тоа е навистина големо чудо. Ако по ништо друго, ќе треба да ме познаваат барем по „Квискотека“ која буквално ги празнеше улиците“, изјавил Млакар во интервјуто за „Слободна Далмација“. Тој раскажал интересни детали и за својата сопруга, Дуња.
„Имаше љубовни понуди, стигаа преку пораки оставени на работната маса. Стигаа и на телефон, преку пријатели, колеги. Но, немаше тука ништо, секогаш постоеше само мојата Дуња. Сите понуди ги откачив во стилот на песната: Залуден ви е трудот, свирачи“, објаснил Млакар. Легендарниот водител открива и дека својата популарност никогаш не ја искористувал, освен кога одел да пазари.
„Единствено кога ќе одев во месара, а и денес е така, добивав подобро парче месо. На тоа никогаш нема да му се противам“, открил Млакар. Тој и Дуња се во брак повеќе 55 години и имаат две ќерки. Маша по дипломирањето на Кембриџ се омажи во Англија и остана да живее таму, а Ива живее во Загреб. Нејзиниот син, внукот на Млакар има 32 години и е шампион во сурфање.
„Ме одржува во форма времето поминато со моите миленици, со децата и со сопругата“, изјавил Млакар кој има седум кучиња од расата шнауцер, и редовно оди на изложби за кучиња низ цела Европа.