Квиз: Твојот карактер ја открива твојата идеална дестинација
Те привлекува луксуз, автентична архитектура или бескрајни песочни плажи? Се идентификуваш со традицијата, или пак повеќе си тип за добра забава? Преферираш долги прошетки, или уживаш во топлиот дом, сам или со најблиските.
Овие, но и многу други прашања можат да го детерминираат твојот карактер, а карактерот пак зборува и за тоа која би била твојата идеална дестинација за живеење. Дури и карактеристиките на кои не им обрнуваш внимание и мислиш дека се неважни, верувај дека ќе ти помогнат да откриеш кое е местото каде што ќе се чувствуваш најмногу како дома!
А, колку неверојатно и да звучи, според карактерот, можеме да го одредиме и сладоледот што најмногу ти прилега.
Реши ги овие прашања и дознај кој град е скроен за тебе!
⦁Те покануваат на голема забава, меѓутоа во поканата не е наведен „дрес кодот“. Како ќе се облечеш?
a. Сигурно елегантно, сепак е забава. Ќе одберам некоја отмена, луксузна комбинација
b. Вљубеник сум во високата мода и ги следам трендовите. Најверојатно ќе одберам некое шик, ултра-модерно парче со уникатни додатоци.
c. Негувам неформален, „хипи“ стил и удобноста ми е на прво место. Моите омилени шалвари и марама се секогаш идеален избор, за секаде.
d. Штом има многу луѓе, поводот е за костум. Со традиционална комбинација никогаш не можам да погрешам.
e. Сакам младешки изглед и спортски стил. Некои „кул“ фармерки со добри патики би биле супер за на забава.
⦁Во ресторан си и сите можни опции за храна ти се на дофат. Што ќе биде твојот избор?
a. Сакам префинета храна. Јастог и ексклузивно бело вино за мене звучи одлично
b. Даска со разни видови сирења и квалитетно црвено вино.
c. Немам особени преференции, но некоја брза храна, на пример хамбургер или пица и газиран пијалак би било супер.
d. Со „фиш енд чипс“ никогаш нема да погрешам.
e. Што било што оди со ладна, голема кригла пиво! Добри колбаси за мезе би биле одлична комбинација.
⦁Треба да одбереш каде да одиш на патување. Врз основа на што ќе го направиш твојот избор?
a. Сакам луксузни дестинации, ме возбудуваат јахти, скапи ресторани и престиж.
b. Локација со богата култура, автентична архитектура и префинета уметност.
c. Авантурата ми е пресудна, но уште подобро ако е далечна дестинација со долги, песочни плажи.
d. Пресудна ми е историјата и традицијата на градот, уживам да посетувам музеи и значајни знаменитости.
e. Доколку нема добра забава, не е местото за мене! Сакам голем избор на барови, пабови и добри журки за млади.
⦁Кое превозно средство најмногу одговара на твојата личност?
a. Луксузен, спортски автомобил. Ако се возам – се возам со стил!
b. Метро. Брзо е, едноставно, економично и сигурно стигнуваш на време.
c. Доколку не морам, воопшто и нема да користам никаков превоз. Сакам да пешачам.
d.Јавниот превоз супер ми одговара. Двокатен автобус или трамвај се одлично решение за секаде.
e. Сакам да го одбегнам градскиот метеж, но важно ми е зачувувањето на животната средина. Велосипедот ми е најдобар пријател.
⦁Како најмногу сакаш да го поминуваш слободното време?
a. Во добра партија покер со пријателите. Со пури и виски, уште подобро, така влегувам во вистинско „покерашко“ расположение.
b. Градските културни настани не ги пропуштам. Уживам да посетувам изложби, промоции, театарски претстави.
c. Обожувам да гледам големи филмски хитови, премиера во кино со кофа пуканки е најдобро поминато време.
d. Попладневен чај и пријатен разговор со блиските пријатели. Нема поубаво.
e. Сакам да поминувам што повеќе време на отворено. Пикник со добро друштво и многу пиво е мојот избор.
⦁Кога би имал избор, каква клима би одбрал за твоето место за живеење?
a. Сакам топло време, море и плажи.
b. Секоја сезона си има своја убавина, не ми пречат 4 различни времиња.
c. Локација со вечно лето или вечна пролет.
d. Уживам во врнежливо време, само да седам во топлиот дом покрај прозорецот.
e. Ми одговара облачно и ветровито време, но не би ги исклучил/а сосема сончевите денови.
⦁Која музика прилега најмногу на твојот карактер?
a. Класична музика или опера.
b. Џез,
c. Нешто активно, електронска музика или хип хоп.
d. Поп,
e. Алтернативна музика, рок, панк.
⦁Кој спорт најмногу уживаш да го гледаш или кога би имал прилика, би го гледал во живо?
a. Формула 1,
b. Велосипедизам,
c. Кошарка, фан на NBA.
d. Тенис,
e. Фудбал;
⦁Сведок си на бурна расправија за паркинг место помеѓу двајца. Која би била твојата реакција во оваа ситуација?
a. Ќе си продолжам по патот и само надмено ќе погледнам. Нема што јас да се мешам во туѓи расправии.
b. Сигурно и јас гласно ќе се вмешам во расправијата.
c. Ќе им свирнам и гласно ќе им се изнасмеам.
d. Ќе пробам да го олеснам процесот и џентлменски да се реши ситуацијата
e. Ќе си останам во автомобилот и ладно ќе ги набљудувам.
⦁Која карактеристика најдобро те опишува?
a. Софистициран
b. Модерен
c.Авантурист
d. Традиционален
e. Рационален
Резултатите се на
Следна страна