La Familia, Liquor & Gift Shop во East Gate Mall: Брендот ја отвори својата трета по ред продавница
Франшизата на La Familia се зголеми за уште еден член. Третата по ред специјализирана продавница на La Familia Liquor & Gift Shop се отвори во Скопје, во четвртокот, на 28 октомври. Овој пат, продавницата совршено се вклопи во најновиот препознатлив знак на главниот град, но и на регионот – East Gate Mall.
La Familia Liquor & Gift Shop во East Gate Mall е лоцирана на нивото -2 и претставува вистинско освежување со амбиентот, со внатрешниот дизајн и со понудата. La Familia е со тематски конципирано ентериерно уредување замислено како потсетување на триесеттите години на минатиот век, коешто како контрапункт го има модерниот аспект и високата технологија, претставени низ опремата, како што се типовите на гондоли, фрижидери, хјумидори за производи од тутун и слично. “Салонот за хедонисти”, како што вообичаено го нарекуваат оние кои барем еднаш посетиле продавница на La Familia, има околу осумдесетина метриквадратни продажен простор, поделен на сегменти, како што се: Пијалаци (безалкохолни, алкохолни, вина), Производи од тутун, Пакувани производи, Подароци, специјализирани секции за Свежо цвеќе, за Книги, за Snacks, за Кафе и слични други производи на стоки за широка потрошувачка.
Идејата зад La Familia Liquor & Gift Shop е и понатаму да се развива како франшиза. Продавницата на La Familia во East Gate Mallе трета по ред, а втора во Скопје. Првата продавница на La Familia Liquor & Gift Shop е отворена на 25 јули 2018 година, во Велес, а втората, во центарот на главниот град е отворена две години подоцна, во јули 2020 година. Планот на оваа франшиза е да се проширува низ Македонија, а не изостануваат ни регионалните амбиции, но и перспективи за пошироко од Балканот.
“Истражувајќи ги потребите на пазарот, како и потребите на поспецифични групи на потрошувачи, уште пред околу пет години, утврдивме дека на овој сегмент и на овој тип купувачи треба да им се понуди нешто поинтересно, поприлагодено за вкусовите. Така, чекор по чекор, почнавме да ја развиваме La Familia Liquor & Gift Shop.”, вели Далибор Ѓошевски, сопственикот на брендот и човекот којшто стои зад концептот на La Familia.
Специјализираниот сегмент на малопродажен објект во форматот на Liquor & Gift Shop е утврден како уникатен концепт, којшто нуди фокусирани содржини во портфолиото за поширока потрошувачка публика, со тематско и препознатливо ентериерно уредување.
“Брендот или франшизата ја нарековме едноставно – La Familia, со полна асоцијација кон семејството, топлината, посветеноста и грижата. Затоа што и во деловната политика се водиме од мотото дека ние сме една фамилија, едно семејство со нашите ценети потрошувачи, партнери и соработници. Еве, сега го направивме и третиот чекор, ја отворивме нашата трета продавница, лоцирана во East Gate Mall. И тука го пресликавме концептот на понуда и услуга каде што можат да се најдат, на пример, светски топ брендови на алкохолни пијалаци, префинети домашни и странски вина, безалкохолни пијалаци, топли и ладни напитоци, избрани кондиторски производи, тутунски производи, најразлични подароци, како и други специфични производи, својствени за ваков тип на специјализиран малопродажен објект”, нагласува Ѓошевски.
Од La Familia потенцираат дека генералната идеја е да отворат повеќе вакви специјализирани продавници во сите поголеми градови низ Македонија, во неколку инвестициски фази.
La Familia Liquor & Gift Shop има богато портфолио од над 4.500 производи, а работното време на продавницата е идентично како на молот, односно од 10,00 до 22,00 часот, секој ден од понеделник до недела.
ПР објава