Лајкамобајл лансираше 4G LTE услуги
Лајкамобајл, најголемиот интернационален мобилен виртуелен мрежен оператор, денеска го објави лансирањето на 4G LTE податочни услуги во земјава преку мрежниот оператор оне.Вип, член на А1 Телеком Австрија Групацијата како регионален партнер.
Со овозможувањето на 4GLTE услугите, македонските корисници на Лајкамобајл добиваат пристап до напредни мобилни податочни услуги, со брзини до 10 xпоголеми во споредба со претходната 3G инфраструктура. Подобреанта 4GLTE услуга, ќе им овозможи на секој од индивидуалните корисници на Лајкамобајл значително полесно да пристапуваат на високо квалитетни податочни услуги со големи брзини, истовремено нудејќи побрзи, подоверливи симнувања на содржини и можности за сурфање на инернет, без било какви дополнителни трошоци.
Со 4GLTE услугите на Лајкамобајл се очекува да биде покриено над 96% од населението во државата.
Претседалеот на Лајка Групацијата Алирајах Субашкаран, истакна: “Во Лајкамобајл, ние сме посветени да им обезбедиме на нашите корисници најдобри можни услуги по најконкурентни цени, овозможувајќи им да се поврзат едноставно со нивните најблиски насекаде во светот. Лансирањето на 4Gво Република Северна Македонија е демонстрација на оваа определба и дел од тековниот развој на 4Gниз сите наши глобални пазари.”
Овој развој го следи трендот на лансирање на 4GLTE услуги од страна на Лајкамобајл во низа други пазари, од кои последни се Тунис во 2018 и Италија и Шпанија во 2017 година.