Лазаров: Имаме тешка група на светското првенство, но се подготвуваме да изненадиме
Македонската машка ракометна репрезентација ги започна подготовките за мундијалот во Полска и Шведска.
Нашиот национален тим е во група со Норвешка, Холандија и Аргентина, бараме една победа за пласман во вториот круг што е императив.
Имавме тешка работа да се пласираме на ова СП, за првпат имавме два баража. Го одржавме континуитетот со пласманите на големите натпреварувања во последната деценија и затоа сум горд на целиот тим и федерацијата. Имаме доволно време да се подготвиме, ме радува тоа што сме речиси комплетни од почетокот. Имаме тешка група, каде што е една Норвешка за која нема потреба да се трошат зборови, Холандија која е во страшен подем и игра модерен и брз ракомет, како и Аргентина која на последното првенство направи проблеми на многу големи рерпезентации. Ќе тргнеме скромно, посакувам да останеме здрави до почетокот на првенството. Кај ракометарите постои огромна желба и мотивираност, ќе дадеме сè да се пласираме во вториот круг, иако нема да биде лесно“, истакна Лазаров.