Лазаров објави состав со 35 ракометари за квалификациите за ЕУРО 2024

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамки на „Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers Phase 2“.

Сениорската машка репрезентација на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 Јануари 2024 година во Германија.

Во рамки на ЕХФ неделата сениорките ќе одиграат два натпревари во квалификациската група. Првиот натпревар е во Скопје против селекцијата на Луксембург на 12.10 (среда), а потоа против селекцијата на Турција во Ван на 16.10 (недела)