Лазаров по ждрепката за СП: Верувам во невозможни мисии, групата е тешка и интересна
Најдобрата машка ракометната репрезентација на Македонија ќе игра против Норвешка, Холандија и Аргентина на мундијалот во Полска и Шведска.
Групата воопшто не е лесна, а најдобрите три селекции од секоја група ќе се квалификуваат во главната групна фаза.
Селектрот Кирил Лазаров верува во „невозможни“ работи, иако групата е силна со противници за репскет.„Многу интересна и тешка група за нас. Не можам да бидам објективен, затоа што нашата репрезентација за прв пат ќе настапи без ракометари од калибарот на Миркуловски, Стоилов, Лазаров.. Ме загрижува и неиграњето на Вардар во Лигата на шампионите, затоа што некои од нашите репрезентативци остануваат без потребните силни натпревари во текот на сезоната и пред почетокот на Светското првенство. Не ни останува ништо, освен да почнеме да го оформуваме ликот на новата репрезентција на Македонија. Длабоко во себе верувам во невозможни мисии и работа и само така можеме да одиме напред. За Норвешка не треба да трошиме зборови, Холандија беше хит на последното Европско првенство. Аргентина со години знаела да прави големи проблеми и на посилни репрезентации од нашата. Ќе се фокусираме на себе и нашата селекција и ќе работиме на тоа што подобро да се подготвиме за настапот на Мундијалот“, изјави Лазаров.