Спорт // Спорт
Лазаров: Почестен сум со вакво испраќање
Полн со емоции по завршувањето на последниот домашен натпревар во Нант, Кирил Лазаров ги истакна своите чувства од прекрасните пет години во овој француски клуб. Пристигнувањето во Нант го смета за најдобра одлука во животот и период кој го подобри како ракометар.
По победата над Тулуз и спектакуларното кралско испраќање Лазаров рече:
„Изненаден сум од тоа што ми го приреди мојот клуб Нант. Горд сум што донесов таква одлука, по играњето во Барселона. Го погодив клубот, кога одлучив да играм во Нант. Се работи за тим кој беше во нагорна линија. Уште кога дојдов играше во Лигата на шампионите. Во последните пет години израсна во голем клуб, со два настапи во завршницата од ЛШ, една полуфинале и уште едно финале. Не очекував ваква приредба, не велам дека не сум заслужил. Се чувствувам среќен и горд сум на оваа чест. Им се заблгодарувам на сите нив. Еден играч може само да посака вакво испраќање, навистина сум почестен да бидам испратен на овој начин“.
В сабота во Париз нашиот најголем ракометен ас ќе се бори за титулата од Купот на Франција против неприкосновениот доминатор во шампионатот, ПСЖ.