Лазаров со скратен список, ова се ракометарите кои одат на победи против Луксембург и Турција

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров  објави список на повикани ракометари за собир за претстојните натпревари со репрезентаците на Луксембург и Турција во рамки на „Men’s EHF EURO 2024 Qualifiers Phase 2“.

На листата се главно ракометари од домашното првенство, има тројца кои настапуваат во странство.


Сениорската машка репрезентација на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 Јануари 2024 година во Германија.

Во рамки на ЕХФ неделата сениорките ќе одиграат два натпревари во квалификациската група. Првиот натпревар е во Скопје против селекцијата на Луксембург на 12.10 (среда) во 19:00 часот во СЦ “Борис Трајковски”, а потоа против селекцијата на Турција во Ван на 16.10 (недела) во 16:00 часот.

Собирот е закажан за ден 09.10.2022 година со почеток во 14.00 часот со Хотел Александар Палас во Скопје.