Лечи рак со матични клетки: Позната лекарка во Германија им помага на пациентите со најсериозни болести
Можеби спасот има друго име- Д-р Нада
Терапијата со
матични клетки се покажа како една од најуспешните форми на лекување за
најсериозни заболувања. Скоро 90 проценти од излечените со малигни и
хематолошки болести се излечиле токму со овој метод, вели проф. Д-р Нада
Басара, една од најголемите експерти за трансплантација на матични клетки.
Како директор за интерна медицина на познатата германска болница „Малтесер“ во Фленсбург, проф. Д-р Басара во своето интервју за германски медиум објасни дека ги користи сите видови на терапии со матични клетки.
„ Автолошка терапија со матични клетки добиена од самиот пациент, алогена терапија со матични клетки од поврзан или неповрзан донатор. Особено сум горда на хаплоидичката трансплантација, што се прави кога не е пронајден донатор и во кој детето или родителите на пациентот донираат матични клетки. Овој вид трансплантација се уште се смета за најризичен, но новите методи овозможија успешно да се применат“, истакнува проф. Д-р Басара.
Донаторот е избран врз основа на типот HLA, барем десет, а во некои случаи 12 тестирани антигени.
Со трансплантација на коскена срж или периферна крв на матични клетки, може да се излечи леукемија, лимфоми, миелодипластични синдроми, миелопролиферативни заболувања, мултипличен миелом, како и не-малигни заболувања како што се анемија и таласемија.
„ Благодарение на прецизната технологија, постигнати се најдобри резултати во изборот на донатори. Покрај тоа, крвната група е важна, како и вообичаени вирусни заболувања и кај пациентот и кај донаторот„ потенцира д-р Басара.
Иако докторката посочува дека Германија обезбедува најквалитетна грижа за оваа терапија и истата е многу скапа, терапијата сепак се извршува и болниците добиваат многу повеќе пари од болните отколку што е потребно.
Оваа година, таа прослави две децении од својата работа во Германија, а до крајот на годината очекува да заврши со 2000 трансплантации на матични клетки.
„Првата трансплантација ја направив во Германија во јануари 1997 година во центарот за трансплантација во Идар-Оберстин. Две илјадитата трансплантација на матични клетки е планирана за во ноември годинава“, вели д-р Басара.