Легендарниот актер го прослави својот 81 роденден скокајќи во длабоко море: Може ли да поверувате дека е толку стар?
Роберт де Ниро го прослави својот 81 роденден, а по тој повод неговата ќерка Дрена Де Ниро покажа дека се уште се однесува и чувствува како млад човек.
Актерот Роберт де Ниро на 17 август наполни 81 година.
По тој повод, неговата ќерка Дрена Де Ниро сподели неколку негови фотографии, меѓу кои и видео од Роберт како скока од јахта во длабоко море.
Додека таа и останатите на јахтата биле шокирани од скокот, тој продолжил да плива и покажал дека адреналинот во деветтата деценија од животот не му е проблем.
Да потсетиме, Де Ниро моментално е во врска со Тифани Чен, а минатата година ја добија ќерката Гиа.
Девојчето е седмо дете на актерот, а откако потврдија дека е родена, јавноста беше шокирана со оглед на тоа дека Роберт ја доби на 80 години.
Тифани е 15 години помлада од актерот и се занимава со продукција и инвестирање, а во 1980 година наводно се омажила за Чарлс Хеунг, актер и продуцент со кој ја води компанијата China Star Entertainment Group.
Во 2018 година, Роберт се разведе од сопругата Грејс Хајтауер, со која беше во брак 20 години, со која ги има синот Елиот и ќерката Хелен. Тој исто така има две деца со поранешната сопруга Дијана Абот, Дрена и Рафаел, а татко е и на близнаците Арон и Џулијан, кои ги дели со поранешната девојка Туки Смит.
Фото: ИнстаграмИзвор: Showbuzz.dnevnik.hr