Легендарниот тренер открива: Тој е најголем, но постојано ни смрдеше...

Кристијано Роналдо, Бразилецот Роналдо, Лео Меси, Марадона или Пеле? Секој има свое мислење и тешко дека некогаш ќе го добиеме вистинскиот одговор на прашањето кој е најдобриот фудбалер на сите времиња. Секој има свој фаворит, но има нешто за што сите се согласуваат. Ако Бразилскиот Роналдо (43) немаше толку многу повреди во кариерата и ако таа траеше подолго, ќе ги освоеше тититулите без никакви дилеми. Избор: (24 часа)

Но, како и да е, тој е најдобар во историјата за голем број луѓе, а еден од нив е легендарниот италијански тренер Фабио Капело (73) кој во својата богата кариера има тренираноголем број на sвезди, но Роналдо е особено врежан во неговото сеќавање. Што со неговото фудбалско знаење, што е со неговото однесување надвор од теренот.

Познати се бразилските фудбалери дека се одлични мајстори со топката, но имаат и свои пороци. А тоа се жени, алкохол и ноќни клубови.

- Роналдо беше најголем талент што го водев, но во исто време тој беше играчот кој ми создаде најмногу проблеми во соблекувалната. Тој организираше забави и други работи. Ван Нистелрој еднаш ми рече: „Тренер, соблекувалната смрди на алкохол. Се‘ смрди, ова веќе е неподносливо“  Роналдо потоа отиде во Милано и почнавме да победуваме, но ако зборуваме за талент, тој е без сомнение најголем и покрај тоа што пиеше.

Италијанецот го тренирашеРоналдо само една полусезона во есенскиот дел од сезоната 2006/2007, а Бразилецот го напушти клубот во јануари 2007 година поради чести проблеми со повреди и несоодветно однесување надвор од терените, па замина во Милано. Капело ја освои Ла Лига со Реал таа сезона, но на Фиорентино Перез баш и не го сакаше токму заради неговиотоднос со играчите, па беше отпуштен на крајот од сезоната.

Сепак, Роналдо и покрај повредите продолжи во Милано, па доби слобони документи само една година по неговото пристигнување. Тој замина во Коринтијанс каде ја заврши кариерата во 2011 година.

Роналдо беше единствен и неверојатен играч кој беше восхитуван дури и од противничките играчи и навивачи. Неговите дриблинзи и леснотијата на игра се уште се споменуваат денес, а многумина се согласуваат дека никогаш повеќе нема да видиме таков играч. Но, колената не издржаа…

Во својата богата кариера Роналдо играше за Крузеиро, ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан, Коринтијанс, а во својата кариера освои две Светски првенства (1994 и 2002 година), две првенства во Шпанија, три шпански купа, Купот на Холандија и др. Купот на УЕФА, Копа Америка, две златни топки, но во сето ова, за жал, нема да ја најдете Лигата на шампионите. Секој пат, таа некако успеа да го избегне.