Лего град навистина постои: Младите одат да живеат во овој магичен дел од земјата, еве каде се наоѓа!
фото:Youtube Printscreen/archimatika
Станбен блок од соништата!
Посебен станбен блок згради - во населба во Киев, „Градот на удобноста“ од птичја перспектива изгледа како град направен од ЛЕГО коцки. Она што дефинитивно не и недостига на оваа населба е секако бојата.
Comfort Town е посебен станбен блок во Киев, необична населба која привлекува внимание поради дизајнот инспириран од Лего. Иако е само дел од градот, поради својата изолација и специфичната архитектура често се нарекува посебен град.
Овој простор е создаден како станбен проект на архитектонското биро „Архиматика“, а неговите креатори нашле инспирација во колоритните градежни блокови. За да се заврши овој проект беа потребни 11 години.
Станбениот блок содржи 180 шарени згради или 8.500 станови, а тоа што лего коцките не го привлекуваат само вниманието на децата го искористија и архитектите од горенаведената фирма.
Станбениот блок „Comfort town“ беше особено прифатен од помладите генерации градски семејства и професионалци кои живеат во градот и кои уживаат во поевропски начин на живот во споредба со советскиот кој е вкоренет во градот. Во согласност со минималистичкиот стил на градот, архитектите се одлучија за градби со едноставни форми инспирирани од геометријата и целосно рамни екстериери.
Во видеото погледнете како изгледа овој станбен блок.
извор:srbija.danas