Лекции кои треба секој татко да ги пренесе на својата ќерка
Иако понекогаш не се за тоа свесни, татковците се многу важна фигура во животот на своите ќерки. Токму поради тоа, треба рамноправно да учествуваат во семејниот живот и паралелно да се вклучуваат во активностите на воспитување. Еве ги лекциите кои тато треба да ги пренесе на својата љубимица:
Таа е посебна и нему најважна
Секое дете е единствено, а тоа го дознава само ако со своето однесување му го покажете. Тато има задача да ѝ помогне на ќерката да го открие својот вистински идентитет и да сфати зошто таа е посебна во секој поглед. Треба да ѝ помогне да развие самодоверба и чувство на вистински вредности.
Таа заслужува само најдобро
Природно, секој родител му посакува најдобро на своето дете. Но, да се случи тоа, женските деца мора да се научат прво да веруваат во себе. Тато треба да ја научи што е среќа и што ја прави задоволна. Тато треба да ѝ помогне да сфати дека таа не зависи од мислењето и критериумите на другите.
Да биде силна
Една од најважните работи кои таткото треба да ја научи својата ќерка е да биде силна и да верува во својата сила. Да научи да го надмине стравот од неуспех, да се охрабри и да се бори со проблемите, какви и да се. Татковците се силен авторитет за своите ќерки, па често тие се нивен идол.
Слободно да се изнесе својот став
Мора да се победи стравот од искажување на своите мисли, иако тоа не е едноставно ни за возрасните, а камоли за децата. Луѓето се плашат да го искажат својот став за да не ги повредат другите. Затоа таткото треба да ѝ помогне на ќерката да го преброди овој страв.
За успех потребна е самодисциплина
Самодисциплината е една од најважните и најкорисни вештини со кои треба да владее секој човек. Се стекнува во семејството, при што улогата на таткото е мошне важна. Татковата одлучност и посветеност се сосема доволни за да ја научат ќерката на самодисциплина.
Да научи да се одбрани
Татковите се заштитници на домот. Тие даваат сигурност. Токму поради тоа, треба да ги научат своите ќерки како да се одбранат од негативните влијанија и потенцијалните опасности.
Да биде независна
И ова лекција е меѓу најважните во животот. Ќерката треба да сфати дека не мора да зависи од маж, на кој и да е начин. Тоа се постигнува само ако ѝ се помага, но до одредена граница, поточно, до границата во која таа сама ќе продолжи каде што запнала.
Градење на самодоверба
Самодовербата е важна карта за животна среќа и добро здравје. За да ѝ помогне на ќерката да израсне во сигурна личност, таткото треба да ја пофали, но прво нејзината интелигенција и способност, а потоа нејзиниот изглед. Девојчињата кои се сакани и почитувани, лесно ја градат емоционалната интелигенција.
Вистинската љубов е безусловна
Сакањето значи да даваш без услов, без очекувања дека ќе добиеш нешто за возврат. Ако тато сака безусловно, таа ќе израсне во личност со позитивен став кон машкиот род. Тоа ќе ѝ овозможи да направи вистински избор на партнер подоцна во животот.