Леонардо ди Каприо не се смирува: Раскина со Камила, па се шушка дека е со оваа 22 годишна манекенка! (ФОТО)
Еден од најпознатите актери Леонардо ди Каприо е со 22-годишната руска убавица и
модел Марија Берегова, пишуваат медиумите. Имено, оваа руска убавица веќе
поминува време со актерот во категоријата манекенки до 25 години. Меѓутоа, она
што им ја расипува среќата е тоа што времето на Марија е ограничено.
Да потсетиме, Леонардно, кој никогаш јавно не излегувал со партнерка која е постара од 25 години, вели дека ја запознал Марија во Сен Тропе.
Но, се вели дека има информации дека манекенката завршила во Сент Тропе по разделбата со сопругот Ахмед Масуд Абделхафид. Она што е интересно за сопругот на Марија е тоа што неговиот дедо бил помошник на либискиот диктатор, полковникот Моамер Гадафи.
Во вторникот како бомба одекна веста дека Ди Каприо ја прекинал врската со манекенката Камила Мороне, која во јуни наполни само 25 години.
- Од оџакот на врвот на средното училиште во Северен Холивуд се појави бел чад, кој сигнализираше дека Леонардо ди Каприо избрал нова девојка - се пошегува едно лице на Твитер.
Сега е официјално, како што пренесуваат странските портали, дека Берегова е следната во низата модели кои поминале низ рацете на Леонардо.
- Дали некогаш сте помислиле дека Леонардо ди Каприо е толку горд на својата работа во Титаник, што излегува само со жени кои не биле доволно возрасни за да ја видат премиерата на филмот, за да може да го сподели со нив посебниот момент кога го гледал за прв пат? Дали тоа воопшто ви падна на ум? – напиша набљудувач на социјалната мрежа.
Фото: Инстаграм/youtube - screenshoot