Либра- валутата на Фејсбук: Дигитална, на неа полагаат надежи големите светски компании
Се очекува лансирање на оваа крипто-валута да биде во јануари, но точниот датум сè уште не е познат и ќе зависи од тоа кога Здружението Либра ќе добие регулаторно одобрување од страна на Швајцарскиот одбор за надзор на финансискиот пазар или ФИНМА, за да може да работи како услуга за плаќање...
Имено, долго очекуваната крипто- валута Либра конечно би можела конечно да започне со работа во јануари 2021 година, според новиот извештај на Фејсбук.
По повеќе од една година контрола од глобалните финансиски регулатори, Либра ќе започне во форма на дигитална валута поддржана од американскиот долар, објави Фајненшл тајмс на 27 ноември.
Иницирана во јуни 2019 година, Либра се соочи со голем регулаторен надзор што предизвика голем број компании-членки како PayPal и MasterCard последователно да го напуштат проектот. Кошницата со валути што ја поддржуваа Либера првично требаше да вклучува неколку фиат валути вклучувајќи ги американскиот долар, еврото, јапонскиот јен, британската фунта и сингапурскиот долар.