Лицето зад маската“ – кога дизајнот станува простор за сочувство Мебел Венеција на Саемот на мебел 2025

Оваа година, Мебел Венеција требаше да настапи на Саемот на мебел со еден долго планиран и гламурозен концепт на градот Венеција, но дома. Дизајниравме штанд кој ќе го прослави креативниот дух, деталите, боите и новите форми кои асоцира на древната убавина на тој вечен град, чие име го носиме.
Но, по трагедијата во Кочани, каде што животите на 59 луѓе беа згаснати, сфативме дека не е време за никаков гламур. Одлучивме да го пренасочиме нашиот настап – од израз на стил во израз на почит.
Па така, под мотото „Лицето зад маската“, годинава ќе настапиме со свесност, сочувство и со потреба да бидеме повеќе – едни за други.
Трагедиите нè потсетуваат дека зад секоја маска – стои човек со приказна.
Во чест на загубените и како гест на поддршка за нивните семејства, на нашиот штанд ќе најдете:
•Книга на пораки или Ѕид на сеќавање, каде што секој може да остави мисла, збор на сочувство или надеж.
•Од секоја продажба на саемот на нашиот штанд, поголемиот дел од средствата ќе бидат донирани за поддршка на семејствата настрадани во трагедијата во Кочани. Секој купувач ќе добие и документ со кој знае дека е дел од оваа наша мисија, во која и ние како комапнија целосно учествуваме.
Ова е повик да застанеме заедно, да не го игнорираме чувството, туку да му дадеме форма – преку збор, гест, или избор што носи значење.
Да создадеме убавина што лекува.
Да ја вратиме човечноста во просторот што го нарекуваме живот.
Мебел Венеција
Саем на мебел 26–30 март
Борис Трајковски, Скопје
ПР објава