Лига на нации: Не е невозможно, Македонија има три опции како до прво место, прво победа над Грузија

Македонија бара начин како до прво место во групата од Лигата на нации, има три опции, ниту една не е лесна, и се не зависи од нашиот национален тим.

Грузија ја пречекува Македонија вечерва од 18 часот, нашиот противник на средбата во Тбилиси влегува со 3 бода предност на табелата.

За Македонија да обезбеди пласман на ЕУРО 2024 преку Лигата на нации, мора прво да биде прва во групата, а за тоа постојат три варијанти:

Победа над Грузија од 4 гола разлика и потоа и победа против Бугарија.

Победа над Грузија од 3 гола разлика, и победа против Бугарија со 2 или повеќе гола разлика од победата на Грузија против Гибралтар.

Победа над Грузија и потоа победа против Бугарија, но тогаш не зависиме само од нас, потребно е Грузија да не победи против Гибралтар.