Лига на Нации: Победа единствена опција за Македонија против Гибралтар
Ден за фудбал, ден за македонската репрезентација, без разлика кој е противникот, Македонија игра на победа, а денес единствена опција против аутсајдерот Гибралтар, е победа и ништо друго.
Гибралтар напредуваше во Лигата на нации, сега е во Ц-лигата, како и Македонија, и затоа мора да ги третираме многу сериозно.
Селекторот Благоја Милевски најави дека нема да има потценување ни 1%, и тоа е добро, ако се земе в предвид фактот дека оваа селекција нема што да загуби против Македонија, а може да добие многу.
„Во денешниот фудбал нема место за потценување. Ние се однесуваме со почит кон сите во нашата група, фудбалерите се свесни дека треба да го дадат максимумот. Оваа Македонија без разлика против кој ривал игра е обврзана да игра максимално и на победа“ – рече Милевски на вчерашната прес-конференција.
Дуелот Гибралтар-Македонија се игра од 18 часот, со пренос на Аренаспорт 3 Премиум.