Лига на шампиони: Ливерпул на чекор од 10. финале во елитното натпреварување, Вилјареал се надева на пресврт

Фудбалска Европа вечерва ќе го добие првиот финалист во Лигата на шампионите, можно е и финале на две англиски екипи, но можно е и шпанско, ако се случи резултатски пресврт на реванш средбите.

Вилјареал вечерва од 21.00 часот на домашен терен го пречекува Ливерпул, тимот од Англија во Шпанија допатува со 2-0 предност од првиот натпревар.

Доколку Ливерпул успеаја да го одбрани или надогради резултатот од првата средба, тогаш ќе стигне до своето 10 финале во елитното натпреварување на УЕФА.

Вилјареал иако има негатива од два гола, најави дека нема да се предаде на реваншот, доколку успее да направи пресврт, ќе дојде до прво историско финале во ЛШ.

Во завршницата на ЛШ сè уште две екипи од Англија и Шпанија, утре ќе се одигра реваншот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, А „граѓаните“ на еден од најдобрите натпревари сезонава беа подобри со 4:3.