Лига на Шампиони: Шкупи против Динамо Загреб на Адеми и Ристовски во второто коло

Шкупи се очекува да ја оправда фаворитската улога против Линколн во првото квалификациско коло на ЛШ, а во второто ги очекува дуел со хрватскиот шампион Динамо Загреб.

Тоа значи дека Шкупи, може да закаже меч со репрезентативците Стефан Ристовски и Аријан Адеми кои настапуваат за Динамо Загреб.

Натпреварите од второто квалификациско коло се закажани за 19 и 20 јули додека реваншите треба да се играар на 26 и 27 јули.