Листа на најплатени ракометари на светот: Еден е наш

Во последниве години, од ракомет се заработуваат големи суми на пари. Меѓународните и клупските натпреварување ги зголемуваат средствата за ракометарите постојано.

Машката македонска сениорска ракометна репрезентација моментално е дел од новото Светско ракометно првенство, кое се игра во Египет.

Нашите репрезентативци заминаа на мундијалот на мала врата како прва резерва откога селекцијата на Чешка мораше да го откаже својот настап поради големиот број ракометари позитивни на коронавирусот.

Нашите ракометари се дел од групата Г, заедно со селекцијата на домаќинот Египет, потоа десеткуваниот тим на Шведска и аутсајдерот Чиле, селекција што минатите денови двапати ја совладавме во пријателски мечеви.

И веднаш на стартот, изгубивме од репрезентацијата на Шведска со 32 : 20. 

На 16 јануари се среќаваме со домаќинот Египет, а на 18 јануари ќе играме против Чиле. За Македонија, ова ќе е седмо учество на СП, првото беше пред 22 години токму во Египет.

Инаку, во огоромен подем е овој спорт. Се вложуваат огромни финансиски сретства и нормално, најдобрие ракометари заработуваат многу. 

Ракометарот Микел Хансен беше најплатен ракометар во светот во 2018 година со основна плата од (1,5 милиони евра).

Во 2019 година, Никола Карабатиќ го презема водството во списокот на најплатени играчи во ракомет со основна плата до 2,5 милиони евра. Ракометните клубови како ПСЖ, Хамбург, Барселона и Фуксе Берлин исплаќаат поголеми плати на своите играчи. Никогаш јавно не споделуваат детали за договорот од овие клубови.

А, во 2020 година повторно Хансен е на првото место. Листата на најплатени ракометари ја направи страницата Sportekz, повикувајќи се на доверливи информации. На оваа листа е и нашиот капитен Кире Лазаров. Впишани се осовната плата, месечната заработувачка и клубот за кој играат.


Извор: Sportekz