„Литература.мк“ и „Ист гејт мол“ донираа едукативни играчки во „СОС Детско село“

Книжарниците „Литература.мк“ и „Ист гејт мол“ донираа едукативни играчки во „СОС Детско село“. Донацијата е со цел да го разубави и да го развесели празничниот период, кога се слават големите верски празници: Велигден и Рамазан Бајрам. Секое дете заслужува да ја почувствува топлината, грижата, надежта и радоста што ги носат овие празници.

Донацијата содржи над 40 едукативни играчки, друштвени игри, музички инструменти, глобуси, сложувалки и коцки за деца од сите возрасти. Во донаторскиот пакет се вклучени и интерактивни и дидактички предмети што ја поттикнуваат креативноста и интелигенцијата и помагаат во когнитивниот и психомоторички развој кај најмладите. Станува збор за играчки и едукативни производи од познатите брендови „Кварчети“, „Коби“, „Технодидактика“ и други. Во хуманитарниот пакет се вклучени и книги, како и изданија за странски јазици.

Организацијата „СОС Детско село“ поддржува згрижувачки семејства, каде што деца без родители и родителска грижа добиваат топол дом, љубов и стекнуваат чувство на припадност и сигурност.

*Пр објава